Мурињо за првпат се огласи можното враќање во Реал
На прашањето дали имал контакт со некој од Реал, Мурињо тврди дека такво нешто досега немало
„Немав никаков контакт, ниту со претседателот, ниту со било кој од управата на Реал Мадрид. Не разговарам со никого, немало никаков контакт со Реал“, изјави Мурињо, па додаде:
„Нема ниту да има до последниот првенствен натпревар против Есторил“.
Португалскиот тренер на тој начин не ја исклучи можноста по завршувањето на сезоната да започне преговори за враќање во Реал, а шпанските медиуми тврдат дека токму тој е првиот избор на мадридскиот клуб.
Фото: Sport Lisboa e Benfica/FB