Ракометарите ја почнаа мисијата - пласман на десеттиот Мундијал (ФОТО)
Македонските ракометари денеска се собраа за почеток на подготовките за натпреварите против Словачка.
Првиот меч се игра на 14 мај во Прешов, Словачка со почеток од 19 часот. А реваншот е три дена подоцна, односно на 17 мај во Скопје со почеток исто така од 19 часот.