Маеда го реши „Олд Фирм“, стрелаше и спектакуларно со ножички (ВИДЕО)
Победата за Селтик ја потврди Јапонецот Дазјен Маеда кој во 53-тата минута од средбата постигна спектакуларен гол со „ножички“ кој беше и еден од најубавите во историјата во натпреварите помеѓу шкотските гиганти.
Претходно Ренџерс во првото полувреме прв дојде до водство со голот на Мур, потоа Јун израмни, а вториот гол исто така беше дело на Маеда.
Бојан Миовски за Ренџерс во игра влезе во последните 15-тина минути од средбата, но не успеа да му помогне на својот тим.
Фото: Celtic FC