Легендарниот Мурато на денешен ден го освои Еверест и - го загуби животот!
Македонската јавност никогаш нема да го заборави разговорот меѓу Димитар Илиевски-Мурато и членовите на македонската алпинистичка хималајска експедиција, што го водеа тој ден на Хималаите и легендарната фотографија на Димитар снимена на врвот на планетата, точно во 18 часот по локално време.
Според информации тој дури 80 минути бил на највисоката точка на планетата, но за жал го загуби животот при враќањето кога не успеал да стигне до базниот логор.
За ваквиот подвиг тој посмртно беше одликуван со Медал за заслуги за Македонија.