Дарио ја потврди одличната форма, постави нов македонски рекорд на десет километри!

Македонскиот најдобар атлетичар, Дарио Ивановски денеска само уште еднаш ја потврди својата одлична форма поставувајќи нов национален рекорд на десет километри.

Ивановски победи на трката „ХалкЕко Скопје“ со време од 29 минути и 34 секунди со што го подобри рекордот за 16 секунди. Зад него денеска заврши Димитар Илиев со 32 минути и 27 секунди, а на третото место беше Муџахед Муслим.

Кај дамите најбрза беше Греша Бакрачи од Косово со време од 35:18 секунди, втора беше Теодора Симовиќ од Србија и трета Фросина Михајловска.