Чаби Алонсо оди во Премиер лигата, но не во Ливерпул!?

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Чаби Алонсо често се поврзува со тренерската позиција на црвените, но овојпат гласините од Англија се поинакви.

Англиските медиуми пишуваат дека Челси е сериозно заинтересиран за Чаби Алонсо и тој е еден од главните кандидати за тренерското место на клубот од Лондон.

Челси на лето ќе назначи нов тренер откако неодамна се раздели со Росениор.

По неславната авантура во Реал Мадрид, Алонсо е подготвен за премиерлигашки предизвик.

Тренерската позиција во Челси е слободна, а во Ливерпул се уште е Слот и нејасно е дали тој ќе остане на Енфилд.