Стравичен пад на Марк Маркез, Мартин најбрз на спринтот во Ле Ман (ВИДЕО)
Шпанецот во Ле Ман ја запиша втората победа во спринтот оваа сезона, откако претходно триумфираше и во Остин, по неверојатен старт од осмата позиција.
Најблиску до Мартин беше Франческо Бањаја на Дукати, додека на третото место на победничкиот подиум се најде другиот возач на Априлија, Марко Бецеки.
Бецеки и Бањаја само неколку свиоци успеаја да останат во чекор со Мартин, а нивниот дуел беше решен во третиот круг, кога Бецеки направи грешка, по што возачот на Дукати го претекна и ја презеде контролата.
Трката ја обележа и падот на Марк Маркез кога во последниот круг ја загуби контролата над својот Дукати и излета од него, сцената изгледаше страшно, меѓутоа за среќа Маркез помина без посериозни повреди.
AN ABSOLUTELY MASSIVE CRASH for @marcmarquez93 💥
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) May 9, 2026
Thankfully he's up on his feet #FrenchGP 🇫🇷 pic.twitter.com/gyPcleGMFZ