Иран конечно се огласи и го кажа својот став за Мундијалот
Ова барање доаѓа откако Канада минатиот месец му забрани влез на претседателот на иранскиот сојуз на Конгресот на ФИФА поради неговите врски со Исламската револуционерна гарда, организација која Отава во 2024 година ја прогласи за терористичка.
Учеството на Иран на турнирот, кој ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули, беше доведено под знак прашалник уште од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток кон крајот на февруари, по нападите на САД и Израел.
„Без никакви сомнежи ќе учествуваме на Светското првенство, но земјите домаќини мора да ги земат предвид нашите грижи“, соопшти Фудбалскиот сојуз на Иран на својата официјална интернет-страница.
„Ќе учествуваме на турнирот, но без да се откажеме од нашите уверувања, култура и принципи“, се додава во соопштението, со тврдење дека „ниту една странска сила не може да му го одземе на Иран правото да настапи на натпреварување за кое заслужено се квалификувал“.
Претседателот на сојузот, Мехди Таџ, во петокот изјави дека Техеран поставил десет услови за учество на настанот и побарал гаранции за третманот на државата и репрезентацијата.
Според дел од медиумите станува збор за следните услови:
- Гаранции за издавање визи за иранската делегација,
- Почитување на иранската репрезентација и членовите на делегацијата,
- Почитување на иранското знаме,
- Почитување на државната химна,
- Забрана за политички пораки и политички акции против репрезентацијата на Иран,
- Да нема навреди кон иранската војска и Револуционерната гарда за време на турнирот,
- Целосна безбедносна заштита за играчите, стручниот штаб и делегацијата,
- Висок степен на безбедност на аеродромите,
- Безбедност во хотелите,
- Како и безбедност на рутите кон стадионите и за време на натпреварите.