Се повреди вардаровото крило, ќе ги пропушти репрезентативните натпревари!
Србија во баражот ја чека натпревар против Унгарија, а отсуството на Воркапиќ кој се мачи со проблеми подолго време, но сепак настапи вчера против Пелистер е уште еден удар, бидејќи претходно им откажа и Лазар Кукиќ од ПИК Сегед.
Според информациите, Воркапиќ има скршен прст и истегнато рамо и поради тоа ќе ја пропушти и завршницата од првенството во Суперлигата каде што Вардар со вчерашниот триумф веќе ја потврди титулата.
На местото на Воркапиќ шанса во српската репрезентација ќе добие Матеја Додиќ од Загреб.