Келаифи пресреќен: Ние немаме фудбалери, туку воини!
„Светците“ во двомечот од полуфиналето го елиминираа Баерн Минхен, па така во финалето на 30 мај во Будимпешта ќе играат против Арсенал за својата втора титула европски шампион откако првата ја освоија минатата година.
„Ова е фантастично, две финалиња по ред! Ја сакаме и втората ѕвезда… Ние немаме играчи, туку воини подготвени за борба. Тоа е Пари Сен Жермен. Ова беше неверојатен натпревар за нас. Минатата сезона испишавме историја, но сакаме да продолжиме во ист ритам. Целта е повторно да го освоиме трофејот. Го имаме најдобриот тренер во светот, најдобрите навивачи кои беа феноменални“, изјави Ал-Келаифи.
Сопственикот на ПСЖ посебно го истакна карактерот на екипата.
„Многу сум задоволен од карактерот што мојата екипа го покажа против ривал како Баерн Минхен. Исклучително сум среќен што ќе играме второ финале по ред во Лигата на шампионите. Беше тешко, Баерн игра фудбал на највисоко ниво, двете екипи се слични...“
Фото: PSG/X