Драма пред „Ел Класико“: Две ѕвезди на Реал Мадрид се пресметале на тренинг

Шпанскиот медиум „Марка“ објави дека фудбалерите на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени и Феде Валверде се пресметале на денешниот тренинг.

Двајцата фудбалери имале жестока пресметка на тренинг, која за малку не преминала во физички судир. Иако интервенирале останатите соиграчи, сепак ситуацијата не се смирила и продолжил хаосот во соблекувалната на „кралскиот клуб“.

Ова е втор случај на нетрпеливост во редовите на Реал Мадрид, откако претходно Антонио Рудигер му удрил шлаканица на Карерас во соблекувалната.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.