Хаос во Реал Мадрид: Рудигер делел шлаканици во соблекувалната (ФОТО)

Реал Мадрид се соочува со сериозни проблеми, а тоа го потврдуваат и најновите информации од соблекувалната на шпанскиот гигант.

Искусниот дефанзивец Антонио Рудигер имал физичка пресметка со Алваро Карерас, односно му удрил шлаканица.

Набрзо интервенирале и останати соиграчи со цел да спречат поголем хаос, а инцидентот го потврди и Карерас.

„Тоа беше изолиран инцидент без преголемо значење кој веќе е решен. Мојот однос со целата екипа е добар“, објави Карерас.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.