Силекс и Шкендија ќе се борат за титулата во Купот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Силекс и Шкендија ќе се соочат во финалето на Купот на Македонија, откако денеска беа подобри од своите ривали во реваншите од полуфиналето.

Силекс доби два пенали во првото полувреме, но реализираше само еден од нив, и тоа преку Дарко Додев во 34. минута.

Охрид имаше шанси во финишот од натпреварот, меѓу Силекс не му дозволи на ривалот посериозно да се закани и ја зачува предноста.

Тетовска Шкендија беше подобра со 2-0 од Шкендија Арачиново, откако постигна два погодоци во завршницата од натпреварот преку Спахиу и Ндезенге.

Фото: ФК Силекс