Навивачите на Јунајтед го молат да остане - Касемиро им одговори!

Касемиро оваа сезона игра во фантастична форма, тој е еден од главните играчи на Манчестер Јунајтед, Бразилецот блеска во сиот свој сјај, па навивачите го молат да потпише нов договор.

Актуелниот договор на Касемиро со Јунајтед истекува по крајот на сезоната и тој пред неколку месеци и официјално кажа дека ќе замине.

Фановите пеат песни за него, скандираат да остане за време на натпреварите. Но, тоа нема да се промени.

„Мислам дека нема шанси да останам. Ќе заминам на голема врата. Мислам дека ова беа четири прекрасни, фантастични години и ќе бидам бескрајно благодарен не само на клубот, туку и на фановите. Во Англија засекогаш ќе бидам фан на Манчестер јунајтед“, рече Касемиро и ја отфрли секоја можност за останување.

Тој вели дека Мајкл Карик заслужува да остане на тренерската позиција.

„Според мене, Карик комплетно ја заслужува работата во Манчестер Јунајтед. Мислам дека тој веќе го покажаа тоа, покажа дека има многу добри квалитети за да биде тренер на Манчестер Јунајтед. Комплетно ја заслужува довербата на клубот“.