Вечерва ќе гледаме поинаков филм: Баерн и ПСЖ во битка за финале!
За разлика од вчерашниот дуел меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид каде што имаше само еден гол и малку шанси, денеска од Баерн Минхен и ПСЖ се очекува сосема поинаква престава.
Компани и Луис Енрике практикуваат офанзивен фудбал до таа мерка што на првиот меч меѓу ПСЖ и Баерн видовме дури девет голови.
Фудбалските фанови и вечерва очекуваат меч налик на оној во Париз. Баерн има еден гол негатива, па ќе тргне офанзивно уште од самиот почеток, а ПСЖ не е тим кој се брани, па сигурно и тие ќе се обидат да дадат голови.
Луис Енрике по првиот натпревар рече дека на неговиот тим ќе му треба да постигне најмалку три гола на Алијанц за да се пласира во финалето. Таквиот негов став ветува офанзивен фудбал.
Се верува дека двајцата тренери нема многу да менуваат во почетните состави во однос на првиот натпревар, задоволни се од она што го видоа во таа пресметка, а со слични сили ќе се обида да дојдат до големото финале.