Артета со пет измени излегува на реванш битка со Симеоне! (ФОТО)

Вечерва на Емирати ќе го гледаме реваншот од првото полуфинале во кое силите ќе ги одмерат Арсенал и Атлетико Мадрид, а веќе се познати и составите на двете екипи.

Микел Артета направи дури пет измени и во старниот состав во однос на првиот дуел ќе ги нема: Хинкапи, Едегард, Зубиаменди, Мадуеке и Мартинели.

Натпреварот почнува во стандардниот термин од 21:00 часот.

Арсенал: Раја – Вајт, Салиба, Габриел, Калафиори – Рајс, Луис-Скели – Сака, Езе, Тросар – Ѓокереш

Атлетико: Облак – Пубил, Ле Норман, Хако, Ругери – Симеоне, Лоренте, Коке, Лукман – Гризман, Алварез

Ќе потсетиме, првиот дуел во Мадрид заврши без победник 1-1.

Фото: Atlético Madrid/FB