Ибра се појави со урнебесна фризура, виновник е Том Брејди! (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ и Том Брејди привлекоа големо внимание на социјалните мрежи со необични фотографии на кои Швеѓанецот има нов имиџ.

Брејди позира со машинка за шишање во рака, додека пред него седи Ибрахимовиќ со половина избричена глава.

Фотографиите ги сподели самиот Златан со загатлива порака „Облогот е облог“, што дополнително ја разгоре јавноста и поттикна шпекулации за негов нов имиџ.

Сепак, не станува збор за вистинска промена на изгледот. Сцените се дел од реклама за „Фокс Спортс“ телевизија за која Ибрахимовиќ ќе работи како стручен коментатор за време на претстојното Светско првенство кое почнува на 11 јуни.

Фото: AC Milan/X