Ѓорческа елиминирана на стартот на силниот турнир во Истанбул

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа беше елиминирана од Џинран Сун со 1-2 во сетови (4-6, 6-4 и 4-6) на стартот на турнирот во Истанбул.

Ѓорческа направи брејк уште во првиот гем на мечот, но нејзината противничка од Кина веднаш возврати, по што успеа да направи уште еден брејк до крајот на сетот за да поведе со 6-4.

Македонската тенисерка возврати на идентичен начин во вториот сет и со 6-4 по голема борба стигна до 1-1 во сетови.

Последниот сет понуди многу возбудувања, но и лош сервис на двете тенисерки, кои не успеваа да го задржат гемот на свој сервис, а на крајот поуспешна беше Сун со 6-4.