Скандал во Италија: Тенисер го пцуеше судијата, па кршеше сè пред себе (ВИДЕО)

Американскиот тенисер Тристан Бојер направи голем скандал на челинџер-турнир во Италија, каде што вербално го нападна судијата, а потоа почна да крши сè пред себе.

Во завршницата од мечот против Даниеле Рапањета, Бојер ги загуби нервите и почна да прави проблеми на теренот.

Прво следеше вербален напад на судијата, со тешки навреди и пцовки, а потоа Американецот почна да го удира рекетот и да удира по судиската столица.