Баерн најде ново засилување – братот на ѕвездата на ПСЖ!
На еден ден пред реваншот од полуфиналето помеѓ Баерн и ПСЖ во медиумите се појави информација дека Баерн го следи братот на Квича, Торнике Кварацхелија кој има 16 години и настапува за првиот тим на Динамо Тблиси.
Наводно, младиот талент веќе бил во Минхен, каде што ги посетил тренинг-центарот и се запознал со раководството на Баерн, но договор сè уште не е постигнат, бидејќи интерес покажуваат и други клубови.
Главната пречка за Баерн е правилото според кое не може да го доведе до полнолетство, бидејќи не е државјанин на земја од Европската унија, а 18 години ќе наполни дури во 2028 година.
Сепак, во клубот постои незадоволство од ваквите правила, а Ули Хенес веќе реагирал со барање за нивна промена. Како алтернатива се спомнуваат и можни позајмици во други клубови.
Фото: tornikekvaratskhelia7/Instagram