Фоден е без гол речиси пола година, а сега потпишува до 2030!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, според последните информации од Островот постигнал договор за продолжување на соработката.

Договорот на 25-годишниот англиски репрезентативец истекува следното лето, но со новата соработка според најавите тој би останал на „Етихад“ до 2030 година, со опција за продолжување на уште една сезона.

Фоден во последните месеци не е во препознатлива форма и нема постигнато гол од 14 декември. Тој вчера влезе од клупата на натпреварот против Евертон (3-3), по кој Сити заостанува пет бода зад лидерот Арсенал, со одигран натпревар помалку.

Во меѓувреме, англискиот офанзивец се обидува да обезбеди место во репрезентацијата на Англија за Светското првенство кое летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Селекторот Томас Тухел минатиот месец порача дека неговото место во националниот тим не е сигурно. Мундијалот летово почнува на 11 јуни и ќе се игра до 19 јули.

Фото: Manchester City/X