Јунајтед подготвува ремонт во средниот ред - 165 милиони евра за три засилувања!

Англискиот гигант Манчестер јунајтед го обезбеди своето место во Лигата на шампиони (ЛШ) за следната сезона, па раководството донесе одлука да обезбеди 165 милиони евра за ремонт на средниот ред.

Касемиро на крајот на сезоната ќе замине од „Олд Трафорд“, а „ѓаволите“ за неговата замена се подготвени да платат над 90 милиони евра, додека имаат буџет од дополнителни 45 милиони евра за да купат замена за Мануел Угарте.

Премиерлигашот тука нема да запре бидејќи се резервирани и дополнителни 30 милиони евра за трет фудбалер за врска кој треба да го засили гигантот.

Фото: Facebook/Manchester United