Вардар со најсилен состав го напаѓа Монпелје - се враќаат Малус и Хориха! (ФОТО)
Хориха и Малус беа надвор од конкуренција за настап на претходниот дуел, кој Вардар го загуби со 10 голови разлика (23-33), но овие двајца ракометари ќе треба да им помогнат на останатите соиграчи во (не)возможната мисија.
Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ од 20.45 часот.
