Барса нема да го добие шампионскиот пехар на Ел Класико!

Шпанската фудбалска федерација донесе одлука да не го додели пехарот на Ел Класико без разлика дали на тој меч Барселона ќе ја завери шампионската титула.

Во следното коло од Ла Лига се игра вечното дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид. Дуелот е на Камп Ноу, а на Каталонците им е потребен само бод за да станат шампиони.

Трофејот за шампионот нема да биде присутен на Камп Ноу, без разлика што Барса може да го освои таа вечер.

Најверојатно пехарот и златните медали ќе ги добијат во последниот меч од сезоната.

Ова не е ништо ново, таква пракса има и во другите земји. Баерн Минхен и Интер веќе станаа шампиони, но уште не го добиле пехарот.