Симеоне кажа зошто го промениле хотелот во Лондон - никој не му верува! (ВИДЕО)
Мечот во Мадрид завршни нерешено 1-1, па денешниот дуел ќе го даде првиот финалист во елитното натпреварување.
Но, овие две екипи оваа сезона играа и во лигашкиот дел. Тогаш на „Емирати“, Арсенал го прегази Атлетико со 4-0.
За разлика од тогаш, експедицијата на Атлетико Мадрид сега престојува во друг хотел.
На вчерашната прес-конференција, Симеоне беше прашан дали од суеверие го смениле хотелот. Такви беа пишувањата во шпанските медиуми.
Но, Симеоне не сакаше да го потврди тоа, рече дека го промениле хотелот затоа што е поевтин. Ги насмеа присутните, но тешко дека некој му поверува.
„Го променивме хотелот бидејќи овој беше поевтин“, рече Симеоне.