Артета соопшти одлични вести пред реваншот со Атлетико Мадрид
Шпанецот на прес-конференцијата за медиумите кажа дека Каи Хаверц и Мартин Одегард ќе бидат во конкуренција за настап против гигантот од Мадрид.
Хаверц го пропушти првиот меч во Мадрид поради полесна повреда, додека Одегард не играше против Фулам.
„Одегард и Хаверц ќе бидат во составот. Потребни ни се сите опции, ова се одлични вести за нас, зашто мора да бидеме подготвени на сè“„ кажа Артета.
Дуелот меѓу Арсенал и Атлетико се игра вечерва од 21 часот.
Фото: Facebook/Arsenal