Вардар верува во чудо против Монпелје!

Вечерва со почеток од 20:45 часот во салата „Јане Сандански“, Вардар го пречекува Монпелје во реванш четвртфиналниот дуел од Европската лига на ЕХФ, францускиот тим им предност од огромни 10 разлика.

Монпелје првиот меч го доби со 33-23, па на Вардар ќе му треба голема сензација за да ја анулира оваа негатива која изгледа недостижно.

Но, тренерот Иван Чупиќ и ракометарите веруваат дека можат да направат чудо. 

„Може ќе ми кажете дека сум будала, но никој не може да ни забрани да веруваме“, рече хрватскиот стратег на прес-конференцијата.

Вардар за првиот натпревар против Монпелје на располагање ги немаше двајцата најдобри ракометари Јака Малус и Дмитро Хориха, тоа беше и една од причините за високиот пораз. Двајцата се вратени во стројот, тренираат, но неизвесно е дали ќе бидат доволно подготвени за натпреварот.

Навивачката група на Вардар вети пеколна атмосфера и навивање од првата до последната минута, поддршка за своите ракометари во потрага по тоа чудо.

Традицијата е на страната на Вардар, од досегашните 12 меѓусебни натпревари, седум пати победил македонскиот тим, четири дуели добиле Фрацнузите, а еднаш мечот завршил нерешено. Но, на нашиот тим сега не му треба било каква победа, туку триумф од неверојатни 10 или повеќе разлика.