Нејмар си направи проблем, син му на Робињо ќе го тужи по три основи
Робињо Жуниор изнесе три обвиненија против Нејмар, а исто така побарал и состанок со клубот за раскинување на неговиот договор.
Трите обвиненија се: навреда, сопнување и силен удар во лицето. Предупредувањето му дава на Сантос 48 часа да преземе четири мерки: започнување внатрешна истрага за утврдување на фактите, обезбедување снимки од тренинг, официјално соопштение од клубот за преземените мерки и закажување состанок за разговор за евентуално раскинување на договорот.
Според бразилските медиуми, ситуацијата во Сантос е далеку од добра, бидејќи младиот Робињо не им се допаѓа на неговите соиграчи, повеќето го сметаат за разгален, а слична ситуација постои и со Нејмар, кого многумина го сметаат и за груб.
Во целата приказна треба да се вклучи и ветувањето што младиот Робињо го доби по продолжувањето на договорот (до 30 март 2031 година). Му било ветино дека ќе има повеќе време за игра, но нема знаци за тоа бидејќи е на клупата на последните седум натпревари.