Ѓоковиќ имаше среќа, добро помина на ждрепката за Рим

Денеска беше одржана ждрепката за Мастерсот во Рим каде што нема да го видиме бранителот на трофејот Карлос Алкараз поради повреда, но ќе настапат Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ. 

Синер пред домашната публика ќе биде апсолутен фаворит за освојување на петтиот мастерс од почетокот на сезоната и задржување на стопроцентниот учинок, а на терен конечно се враќа и Ѓоковиќ. За српскиот тенисер кој во Рим ќе ја подготвува и формата за Ролан Гарос е добро што не може да се сретне со Синер пред финалето.

Ѓоковиќ е слободен во првото коло, а во второто ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Мартон Фучович и квалификант. Можни противници во третото коло му се Уго Амбер,  Фабијан Марожан, Вит Коприва, а во осминафиналето Карен Хачанов, Артур Риндеркнеш, Ботик ван де Зандшулп.

Потенцијален ривал во четвртфиналето би му бил Лоренцо Музети, а во полуфиналето Александар Зверев. Во другата половина од ждрепката покрај Синер се уште Данил Медведев и Бен Шелтон.

Фото: Novak Djokovic/FB