Во Реал Мадрид бесни, Мбапе вака се „опоравува“ од повредата (ФОТО)

Килијан Мбапе во овој период е надвор од терените поради повреда и според последните информации неизвесен е неговиот настап во „Ел Класико“ против Барселона, но начинот на кој ги поминува деновите во периодот кога треба да се рехабилитира би можел да донесе тензија помеѓу него и клубот.

Имено, францускиот голгетер бил забележан во Италија со неговата партнерка како веќе за него да почнал одморот по сезоната.

Дербито помеѓу двата најголеми шпански ривали е закажано за 10 мај и речиси сигурно е дека напаѓачот нема да може да помогне на својот тим. Ќе потсетиме, Барселона во овој натпревар би можела и математички да ја потврди титулата.

Кога е настапот за Франција на Светското првенство, тој не би требало да биде доведен во прашање.

Фото: Real Madrid C.F