Српска одбојкарка доживеа хорор повреда во полуфиналето од ЛШ (ВИДЕО)
Вакифбанк славеше по чудесен пресврт со 3-2 во сетови и ќе се бори за титулата, но Србинката нема да го памети овој натпревар по добро. Таа се повреди за време на четвртиот сет, по еден смеч, по кој падна незгодно и остана да лежи.
Одбојкарките од двата тима со неверица гледаа што се случува, а на Катарина брзо ѝ беше укажана медицинска помош. Неколку часа подоцна Вакифбанк објави кратко соопштение дека се следи состојбата на Дангубиќ, но очигледно е дека таа нема да игра во вечерашното финале.
Патем, Вакифбанк ќе се сретне со својот турски ривал Егзачибаши во финалето на Лигата на шампионите (вечерва, 19 часот).