Брегалница ита кон Прва лига, Скопје го доби Охрид во дербито!

Екипата на Брегалница направи уште еден чекор кон враќањето во Првата лига откако денеска со минимални 1-0 славеа над Беласица и така ја задржаа првата поизиција.

Моментот на одлука на натпреварот во Струмица беше пеналот на десетина минути пред крајот. Тогаш Капсаров не го реалзираше, меѓутоа одбиената топка во гол ја претвори Михаилов.

Важни три бода во борбата на врвот денеска освои Скопје кој на свој терен славеше во дербито со Охрид со 1-0.

Најмногу голови денеска се постигнаа на дуелот помеѓу Шкендија Арачиново и Вардар Неготино кој заврши со победа на домаќините од дури 8-2. Изненадување приреди Кожув кој од Кочани си замина со победа од 1-0 против Осогово.

На опстанатите средби Детонит и Каменица Саса ремизираа 0-0, Новаци со 2-0 на гости ја освлада Слога Виница и Тетекс во Прилеп се радуваше против Победа со 3-0. Последниот натпревар од ова 27-мо коло се игра утре и во него ќе се сретнат Големо Коњари и Преспа.

На три кола пред крајот Брегалница ја задржа првата позиција и сега има 64 бода, Скопје и Шкендија Арачиново се втори со по 62, четврти е Охирд со 59.