Вардар го реши Башкими, сега чудо треба да се случи за да не биде шампион! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вардар го искористија киксот на Шкендија која ова коло не победи во Кратово против Силекс и со победа над Башкими од 2-0 направија огромен чекор кон титулата.

Натпреварот кој се играше во Гостивар беше решен во првото полувреме во кое Вардар ги постигна двата гола.

Прво во почетните минути од средбата, Закариќ по едно одлично нафрлување мајсторски реагираше и со глава ја смести топката во мрежата за 1-0. По 20-тина минути игра дуелот кратко беше прекинат откако падна навивач на домашниот состав.

Набрзо по продолжувањето на дуелот Бобан Николов се погрижи и за втор гол, резултат кој се покажа и како конечен.

Со овој триумф Вардар сега на три кола пред крајот има 74 бода, шест повеќе од Шкендија и тешко е да се верува дека „црвено-црните“ ќе си дозволат да ја испуштат.