Бенфика прави потег со кој го става Реал Мадрид под притисок поради Мурињо
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Бенфика во следните денови ќе му понуди нов договор на Мурињо, што ќе ги стави „кралевите“ под притисок и тие ќе мора брзо да реагираат ако сакаат да го добијат потписот на Португалецот.
Претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез соопшти дека новиот тренер ќе биде поставен пред почетокот на Светското првенство (СП), но овој потег на Бенфика би можел да ја забрза неговата одлука.
Фото: Facebook/Sport Lisboa e Benfica