Мурињо верува во Анчелоти: Бразил може да го освои Мундијалот

Португалскиот тренер Жозе Мурињо зборуваше за престојното Светско првенство (СП) кое ќе се одржи ова лето, при што кажа дека Карло Анчелоти може да го однесе Бразил до трофејот.

Мурињо верува во квалитетите на Анчелоти и смета дека Бразил има квалитетни фудбалери со кои може да се искачи на тронот.

„Верувам дека Бразил може да го освои Мундијалот. Луѓето не веруваат дека Бразил е способен за такво нешто, но според мене, таа репрезентација со Анчелоти на клупата е навистина моќна“, кажа Мурињо.

Бразил во групната фаза ќе игра против Мароко, Хаити и Шкотска.

Фото: Facebook/Sport Lisboa e Benfica