Башкими ќе го пречека Вардар во Гостивар
Така во пресрет на кумановскиот состав излезе Гостивар, каде што сега ќе го пречекаат лидерот Вардар во 30. коло.
Башкими минатото коло му направи голема услуга на Вардар откако на гости среде Тетово ја изненади Шкендија со што Вардар побегна на четири бода на врвот на табелата.
Натпреварот во Гостивар е закажан за в сабота од 16:00 часот.
Теренот во Куманово е суспендиран на четири натпревари, а покрај дуелот со Вардар, Башкими треба на свој терен да игра и со Македонија Ѓорче Петров. Во преостанатите два дуели ќе гостува на Арсими и Пелистер.