По еден гол од пенал за Атлетико и Арсенал - ќе гори на Емирејтс (ВИДЕО)
На Метрополитано немаше победник, вториот полуфинален дуел од Лигата на шампионите заврши 1-1, па патникот во Будимпешта ќе се решава на реваншот на Емирејтс во вторник. Шансите се подеднакви, со тоа што за разлика од вечерва, Арсенал ќе има огромна поддршка од навивачите и ќе се обиде по 20 години пак да стигне до големото финале од елитното натпреварување.
Двата гола вечерва беа постигнати од пенал. Првиот го изнуди и реализира Виктор Ѓокереш пред истекот на првото полувреме, а конечниот резултат го постави Хулијан Алварез во 56. минута откако Бен Вајт играше со рака во својот шеснаесетник.
Во 81. минута судијата Дени Макели повторно покажа на белата точка за Арсенал откако Ханко стартуваше врз Езе, но својата одлука потоа ја смени, на општо вчудоневидување и од засега непознати причини. Атлетико во финишот имаше иницијатива, создаде неколку шанси, но не успеа да го совлада Раја.