Синер за првпат во кариерата избори полуфинале на мастерсот во Мадрид  

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер за првпат во кариерата избори полуфинале на мастерсот во Мадрид, откако денеска славеше против Шпанецот Рафаел Ходар со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 7-6.

Синер доминираше во првиот сет од натпреварот и му дозволи на ривалот да освои само два гема, додека Италијанецот се соочи со поголем отпор во вториот сет каде што мораше во тај-брејк да го скрши противникот.

Италијанецот во борбата за финале во Мадрид ќе се соочи против победникот од дуелот меѓу Јиржи Лехечка и Артур Филс.