Гостивар со убедлива победа над Чаир ја заврши сезоната

Кошаркарите на Гостивар триумфираа со 107-72 против Чаир во последното коло од македонската Суперлига.

Првата четвртина беше израмнета, по што Гостивар доминираше на паркетот до крајот на средбата за да слави со убедливи 107-72.

Диксон запиша 39 поени и 10 скокови за Гостивар, додека Синани запиша 15 поени за Чаир.

Гостивар испадна од Суперлигата, заедно со тимовите на Ангели и Феникс 2010.