Перез овојпат нема да слуша совети - сам ќе одлучи кој ќе биде тренер на Реал!
Минатата година кога беше донесена одлука за назначување на Чаби Алонсо, одлуката била донесена со помош на советници во клубот.
Перез смета дека тоа се покажало како грешка која на крајот резултирала со уште една сезона без освоен трофеј.
Од таа причина, тој решил овојпат никого да не слуша и сам да ја донесе одлуката.
Се верува дека со ваквиот негов став се зголемуваат шансите за конзервативно решение, искусен стратег како Жозе Мурињо или Јирген Клоп.