Вардар има сѐ во свои раце – три победи по ред ќе значат шампионско славје пред очите на најголемиот ривал!
Ова значи дека црвено-црните од Скопје сега имаат предност од четири бода (71-67), со што си „купија“ комоција да ги решат сите дилеми пред одигрувањето на последното коло, кога ќе се сретнат со сѐ уште актуелниот првак Шкендија.
Тогаш Вардарци би можеле да имаат слатка шампионска промоција токму пред најголемиот ривал и тоа на свој терен во Скопје. За да се случи тоа, најсигурна варијанта се победи во следните три меча – Башкими на неутрален терен, Силекс дома и Струга на гости. Ова, секако, воопшто не е лесна задача за тимот предводен од Гоце Седлоски, но и опција што може да се оствари.
Ваквото сценарио ќе значи титула уште по претпоследната рунда, а сличен епилог е можен и во случај на некој нов кикс на тетовци. Шкендија до крајот прво му гостува на Силекс, па ги пречекува Струга и Брера, пред шлагвортот против Вардар на крајот, за кој не знаат дали воопшто ќе им значи нешто.