Легендарните Хенес и Румениге нема да навиваат за Баерн во Париз поради – суеверие!
Германците во Париз ќе бидат без двете големи легенди и клупски функционери – Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге и тоа – намерно. Долгогодишните шефови на Баерн решиле да не патуваат на „Парко на Принцовите“ поради суеверие. Веруваат дека тимот игра подобро на гости кога тие не се на трибините.
Ова не е зборување напамет – тие не присуствуваа на гостувањето од групната фаза против ПСЖ (2-1), како и во четвртфиналната пресметка против Реал Мадрид на „Бернабеу“, каде што Баварците победија исто така со 2-1.
ФОТО: EPA PHOTO