Билети веќе нема: Охрид пред полна сала ќе игра за историја!

Охрид пред полна сала за пет дена ќе игра против Целје во битка за првото европско финале во својата историја во рамките од ЕХФ купот.

Македонскиот суперлигаш попладнево соопшти дека билети веќе нема и салата „Билјанини Извори“ е распродадена до последното место.

Тоа значи дека избраниците на Борис Ројевиќ ќе имаат максимална поддршка да ја надополнат минималната негатива од дуелот на гости каде што загубија со 27-26.

Натпреварот помеѓу Охрид и Целје е закажан за в сабота во терминот од 19:00 часот.