Мурињо за Престијани: Да бев на трибините, ќе му аплаудирав и јас

Навивачите на Бенфика како херој го дочекаа Џанлука Престијани во неговото враќање на терените, откако Аргентинецот во февруари беше обвинет дека расистички го навредил Винисиус Жуниор за време на дуелот меѓу португалскиот тим и Реал Мадрид во осминафиналето од Лига на шампиони.

УЕФА му изрече суспензија од шест натпревари на Престијани. Казната веќе ја одслужи и се врати на терените во португалското првенство, каде Бенфика славеше против Мореиренсе со убедливи 4-1, а навивачите го поздравија со овации.

Прашање на оваа тема доби и стратегот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо кој ги поддржа навивачите велејќи дека и тој би аплаудирал.

„Да бев на трибините, и јас ќе му аплаудирав на Престијани“, изјави „Специјалниот“.