За злато на училишното СП ќе се борат и ракометарите!

По женската селекција, пласман во финалето на Светското училишно првенство во ракомет избори и нашата машка репрезентација.

Во полуфиналето Македонија немаше проблеми и убедливо ја совлада Србија со 29-19. Противникот во првото полувреме успеваше да се одржува во живот и на пауза избраниците на Горан Кузманоски заминаа со водство од 14-10.

Но, во вториот дел го засиливме темпото и целосно ја преземавме контролата, а противникот немаше сили да се врати во дуелот.

Во финалето, Македонија ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Израел и Хрватска. Битката за златото е закажана за утре од 16:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.