Стравична несреќа: Таткото на Верстапен се заби во дрво (ВИДЕО)

Још Верстапен, таткото на четирикратниот светски шампион во Формула 1 Макс Верстапен, доживеа сериозна несреќа за време на релито Рели Валонија во Белгија, откако изгуби контрола над својот автомобил и со голема брзина удри во дрво.

Сударот изгледаше застрашувачки, но за среќа, ниту Верстапен ниту неговиот совозач не се здобиле со посериозни повреди. Автомобилот претрпе огромна штета и предниот дел беше целосно уништен, тркалата отпаднаа, а од силниот удар беше соборено и дрвото во кое удрија.

Организаторите по трката соопшти дека екипажот е во добра состојба, но возилото е целосно неупотребливо, поради што Верстапен бил принуден да се повлече уште по првата специјална етапа во Лојер.

Ова не е прв ваков инцидент за поранешниот Ф1 возач. Минатата година тој имаше незгода и на рели во Шведска, кога пребрзо влезе во свиок и заврши во канал откако автомобилот се превртел.