Мбапе до крајот на сезоната нема да игра за Реал, загрижени се и во Франција!

Последните информации од шпанските медиуми велат дека Килијан Мбапе веќе го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид оваа сезона.

По одличниот прв дел од сезоната, Мбапе почна да се мачи во продолжението. Поради повреда на коленото пропушти многу натпревари, а откако се врати не е ист.

Против Бетис побара да биде изваден од игра пред крајот, а сега се пишува дека побарал да не настапува за Реал до крајот на сезоната со цел да се сочува за Мундијалот.

Во Реал Мадрид сакаат да ја знаат неговата вистинска ситуација за повредата и да го пратат на операција доколку е потребно. Тоа им пречи на Французите бидејќи така неговиот настап на Светското првенство ќе биде доведен во прашање.

Неизвесноста за ситуацијата на Мбапе, дали и колку е тешка повредата, внесува немир во Франција. Тој е клучниот играч во составот кој ќе патува на Светското првенство како еден од главните фаворити за титулата.