Марк Маркез излета од патеката, а неговиот брат победи во Шпанија (ВИДЕО)

Алекс Маркез ја запиша првата победа во 2026 година, откако беше најбрз на трката за Големата награда на Шпанија во Херез, а трката ја одбележа и излетувањето на неговиот брат Марк Маркез.

Повозрасниот од браќата Маркез ја заврши трката уште во вториот круг, кога загуби контрола и излета од патеката, но веднаш стана по падот и покажа дека најверојатно не е повреден.

Неговиот помлад брат Алекс продолжи со одличната трка и на крајот ја запиша победата, додека зад него ги остави Марко Бецеки.