Ниту Лампард, ниту Фабрегас: Челси доби „корпа“ од своите легенди!

Англискиот гигант Челси има турбулентна сезона, а неодамна настрада тренерот Лиам Росениор кој доби отказ, по што почнаа шпекулациите за тоа кој ќе го наследи на „жешкото столче“ во Лондон.

Многу имиња се поврзуваа со клупата на Челси, но двајца од нив веќе испратија порака до лондонскиот гигант дека немаат намера да ги напуштат своите тимови.

Еден од нив беше Сеск Фабрегас, кој е вистински хит со Комо во Серија А и ќе се бори за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

Вториот кој му удри „корпа“ на Челси е Франк Лампард, кој има извонредни резултати со Ковентри, односно избори промоција во Премиер лигата.

Фото: ChelseaFC/Facebook