Перез го почна „ремонтот“ во Реал Мадрид – прво засилување е голем талент од Комо!

Екипата на Реал Мадрид планира големи промени по сезона која е далеку под очекувањата, а првото засилување за летото веќе е на повидок, откако клубот решил да ја активира откупната клаузула за аргентинскиот играч за врска Нико Паз и да го врати од редовите на Комо.

Станува збор за голем талент кој потекнува од младинската школа на „кралевите“ и кој беше продаден во Комо, но оваа сезона привлече внимание со добри настапи, поради што раководството на „кралскиот клуб“ одлучи да го врати. Ако трансферот се реализира, тој ќе биде првото засилување на Реал во летниот преоден рок и дел од поширок план за реконструкција на тимот.

Во клубот веќе се најавуваат сериозни промени, откако во последните две сезони беа вложени значителни средства, но резултатите не ги исполнија очекувањата. Претседателот Флорентино Перез, според шпанските извори, е незадоволен од развојот на тимот и подготвува длабоки резови во играчкиот кадар. Се очекува и промена на тренерската позиција, при што Алваро Арбелоа најверојатно нема да ја води екипата следната сезона. Покрај тоа, дел од фудбалерите веќе добиле сигнал дека клубот не смета на нив за иднината.

Целта на раководството е да се отвори простор за нови засилувања и да се врати тимот во борба за најголемите трофеи, по уште една сезона која би можела да заврши без значаен трофеј.

ФОТО: EPA PHOTO